На социјалните мрежи се шират снимки кои покажуваат детали кои многумина за првпат сега ги воочуваат на машините за садови.
Всушност, се работи за трик кој значително ја олеснува работата бидејќи со него можете подобро да ги распоредите садовите и воедно да заштедите и време и нерви. Имено, во машината од страната на горната преграда, каде вообичаено стојат чашите, постои рачка која го решава проблемот. Како што покажува една корисничка на Тик-Ток, ако на пример пробате на таа горна полица во машината да ставите тегла која е малку повисока, нема да можете да ја наместите полицата и да ја затворите машината бидејќи врвот на теглата ќе удара во неа. Но ако ја притиснете таа рачка, горната полица ќе легне надолу толку за да можете сѐ да ставите во неа.
„Како вака, толку долго сум ја користела машината за садови, а не сум знаела за овој трик…“, се прашува таа, но и многу други кои ја виделе снимката.