Поранешниот припадник на обезбедувањето на Собранието, Абдулфета Алими, кој неодамна отслужи шестгодишна затворска казна за настаните од 27 април, вели дека правдата лично ќе ја бара во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Тој смета дека неправдата кон него нема да се реши во институциите на државата и затоа бара непристрасна правда во меѓународните институции.
” Колку што слушнав, Врховниот суд тоа ја потврди пресудата. Сега ќе се подготвувам за Стразбур, индивидуално“, изјави Фета Алими за ТВ Алсат.
Алими тврди дека вратите на Собранието, по што почна крвавиот инцидент не била отворена со неговите клучеви. Тој беше осуден затоа што ги дал клучевите на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски. Алими тврди дека неговите клучеви завршиле во рацете на припадник на обезбедувањето на тогашниот спикер, Трајко Велјаноски, поради тоа што како што кажа, имал поголема моќ од него.