Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, доктор Сашко Јовев во телевизиско гостување изјави дека ниту тој самиот не знае зошто е разрешен од функцијата.
Дури, како што изјави д-р Јовев министерот за здравство Фатмир Меџити му рекол дека не е единствениот разрешен директор.
-Ми рече дека не сум единствениот разрешен, има уште 20 разрешени директори. Не знаев и немав време да видам дека такви стручни надзори биле испратени до сите директори и дека имало слични инспекции, не само кај мене“, рече д-р Јовев.
На прашањето на новинарот кои се другите разрешени директори, професорот Јовев дообјасни.
-Мислам дека се разрешени од неврологија, токсикологија, нефрологија, педијатрија, психијатрија, не знам повеќе“, кажа д-р Сашко Јовев.
И покрај изразената поддршка од јавноста за д-р Јовев, министерот за здравство Фатмир Меџити остана на одлуката за негово разрешување.