Екипи од Територијалната противпожарна единица од Делчево се излезени на терен и интервенираат, заедно со екипи на јавното комунално претпријатие по силното невреме што го зафати градот и околните села.
Поради невремето, во дел од делчевските населби во прекин беше снабдувањето со електрична енергија.
Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.
Од Општина Делчево апелираат до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.