Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква „Фрекфенција”.
Енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите е забавна „мелодична четка”, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение.
Новата песна на Сара Мејс веќе ја сетира и обојува новата дефиниција за колективниот вајб на забавата и на претстојниот летен период, каде љубовта е дел од секоја насмевка, танц, прегратка.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.