Земјотресот, што се случи денеска на 7 јуни 2023 година во 14 часот и 26 минути е регистриран на сеизмолошките станици од телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија. Неговиот епицентар се наоѓа 280 km источно од Скопје, во Република Бугарија и е со Рихтерова локална магнитуда од ML4.6 – соопшти Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во источниот дел на Републиката, особено од населението во подрачјето на Пехчево и Берово, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.