МВР соопшти дека вчера во 13.50 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А-1, делница село Удово – село Марвинци, општина Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.К.(68) од село Пирава, валандовско и патничко возило „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од село Јосифово, валандовско.
-Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Валандово. А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле, информира МВР.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од Полициската станица Валандово.