Бројни е реакциите по директорката смена на д-р Сашко Јовев во Клиниката за кардиохирургија. Министерот за здравство Фатмир Меџити, поради тоа, во обраќање до јавноста објаснува дека оваа одлука е со цел обезбедување на највисоко ниво на грижа за пациентите и не е селективна.
Во продолжение обраќањето на Меџити.
и субјективни проценки, туку врз основа на наодите на стручниот надзор, составено од посветени професионалци чија улога е да обезбедат придржување до правилата и стандардите кои го штитат нашиот здравствен систем. Ова е редовна процедура што ја следат и треба да ја следат сите наши клиники, а во тоа не треба да биде исклучок и Клиниката за кардиохирургија.
Иако вниманието на јавноста првенствено беше насочено кон директорот на Клиниката, би сакал да нагласам дека одлуката не е лична, туку неопходна мерка за да ја одржиме нашата непоколеблива посветеност кон подобрување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Дозволете ми да нагласам дека во ниту еден момент оваа одлука нема за цел да ја стигматизира личноста и професионалните способности на разрешениот директор. Станува збор за моја лична заложба и заложба на Министерството да овозможиме Клиниката во својот целокупен состав да работи во согласност со прописите и стандардите кои го штитат нашиот здравствен систем.
Би сакал во исто време да ги повикам сите да се воздржат од шпекулации околу идни назначувања. Исто како и секоја друга одлука што ќе ја донесеме, именувањето на нов директор ќе биде внимателно разгледано, врз основа на професионалните квалификации и способноста да се одржуваат највисоките стандарди на нашиот здравствен систем.
Со цел да ги разјасниме сите овие прашања и на јавноста да ѝ обезбедиме подетални информации, го најавувам утрешниот брифинг со новинарите. Заедно со мојот тим ќе ја искористиме оваа прилика внимателно да ги елаборираме последните случувања и да одговориме на прашањата на новинарите“, стои во обраќањето на Меџити.