До Судскиот совет се доставени оставките на членовите – судиите Зоран Герасимоски и Мирјана Радевска-Стефкова. Ова ни го потврди портпаролката на Советот Гордана Дувњак, која не даде други детали, со најава дека повеќе информации се очекуваат утре.
Во јавноста нема информации за причините за оставките и може само да се претпоставува по превирањата во највисокото судско тело и критиките од холандскиот амбасадор, кој Судскиот совет го нарече „нелегитимно тело“.
Во изјава за МКД.мк судијата Зоран Герасимоски изјавил дека причините ќе ги образложи по констатирање на оставките.
-Прво нека биде констатирана на седница па јавно ќе ги кажам причините за мојата одлука преку портпаролот. Истата веќе ја депонирав во архивата на Судскиот совет. Побаравме седницата да биде закажана во најкус можен рок“, вели за МКД.мк, Герасимоски.
Се очекува на седница на Судскиот совет да се чујат причините за оставките.