Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, а за 0,571 денари поветинува Мазутот М-1 НС, соопшти Регулатрорната комсија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,00, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 67,50, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и натаму ќе чини 69,00 денари за литар.
Мазутот М-1 НС ќе се продава по 39,604 за килограм.