„Спонзорирана објава“
Сопственикот на холдингот ФЕРО ИНВЕСТ, Кочо Анѓушев, се сретна со специјалниот претставник на британскиот премиер, задолжен за трговија, Мартин Викерс и со директорот за трговија и инвестиции за Централна Европа, Ричлов Менса.
Делегацијата од Обединетото Кралство се интересираше за можностите за инвестиции во енергетскиот сектор во Северна Македонија, како и за деловите од енергетскиот сектор кои можат да бидат привлечни за британските инвеститори.
Инвеститорите од Обединетото Кралство ги разгледуваат можностите за засилено вложување на својот капитал во Југоисточна Европа и британските државни претставници разговараат со релевантни личности од бизнис заедницата кои можат да им дадат издржани анализи за идните движења на полето на енергетиката во поширокиот регион.
Покрај размената на мислења за актуелните случувања во енергетиката и тековите во енергетската транзиција, Анѓушев се заблагодари на британската делегација за финансиската помош од Обединетото Кралство дадена на Северна Македонија, а со чија помош се изработи државната Стратегијата за енергетика, во мандатот кога Анѓушев ја извршуваше функцијата Вицепремиер на македонската влада.