Регионалниот ЦУК Охрид извести дека поради невремето што го зафати југоисточниот дел на Општина Охрид во реонот на селатаТрпејца и Љубаништа проследено со големи врнежи формирани се буични води што предизвикаа излевање на вода, земја, чакал и поситни камења на регионалниот патен правец Охрид – Св. Наум.
Сообраќајот целосно е прекинат од 19:15 часот, а во овој момент е оспособен преку помошни локални патишта.
На терен се присутни и интервенираат на санирање екипи на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – секција Охрид и ЈП Охридски комуналец.