Денес Европската вселенска агенција (ЕСА) одржа едночасовен пренос во живо од Марс, што е прв ваков обид досега, пренесува индекс.хр.
До сега добивме фотографии и снимки од Црвената планета „од минатото“, односно можевме да видиме како изгледала пред неколку дена или недели.
Дури и денес не го гледавме Марс без одлагање бидејќи на светлината и е потребно извесно време да патува од оваа далечна планета до Земјата. Како и да е, ова треба да биде најблиску до известување во живо од друга планета во Сончевиот систем. За да го прослави 20-тиот роденден на своето вселенско летало Марс експрес, ЕСА испраќаше нови слики од орбитерот приближно на секои 50 секунди.
ЕСА вели дека ова е прв долгорочен пренос во живо од длабоката вселена. Во текот на денешниот едночасовен „извештај“ од орбитерот, на секоја слика ќе и бидат потребни околу 17 минути за да стигне од леталото до нашите мали екрани.
„Имајте на ум дека никогаш порано не сме се обиделе на нешто вакво, така што е малку неизвесно колку точно ќе им треба на сигналите да стигнат до Земјата“, пишува ЕСА.