„Буквално“ е насловот на песната која младата пејачка, Ивона Јо ја промовираше денеска во Скопје.
Песната која таа ја отпеа на српски јазик е нејзина автобиографска, а авторски ја потпишуваат Немања Антониќ и Иван Вукајловиќ. Ивона откри дека видео записот за овој сингл всушност ја прикажува нејзината животна приказна, па сценариото е искреирано токму од неа.
Во видео записот како актери се појавуваат Тамара Волческа, Цеце Николова и три девојки од Србија – Ирена Јовановиќ, Ана Илиќ и малата Јана Зариќ. Овие девојки ги прикажуваат петте емоции кои Ивона ги чувствувала низ годините (тага, среќа, бес, самокритичност и его), а кои секој од нас ги има во одреден период од животот.
Токсичната врска од која пејачката своевремено била дел, ја прикажува со актерот Дамир Салијевиќ.
„БУКВАЛНО сакам да ја слушнат сите жени кои некогаш се почувствувале повредено и изманипулирано од своите емотивни партнери. Сакам да ја слушнат сите луѓе кои во својот живот војуваат некакви битки“, вели Ивона.
„Ова е за сите вас. За сите внатрешни битки. За секој хаос во главата. Сите најтешки моменти се причината за мојот успех“, порачува музичката ѕвезда.