Во морето секојдневни стресови што ги живееме, од вчера има уште еде. Граѓаните се прашуваат што ќе се случи денес кога завршува одлуката на Владата за „замрзнување“ на цените?
Вчера попладне беше забележана поголема гужва во маркетите, граѓаните купуваа производи, за кои мислеа дека денес ќе имаат корегирана, повисока цена. ѐно, од утрово, барем во тие маркети, што ги посети ММС, е мирно.
Нема турканица на каси, но нема и корекција на цени, барем засега.
Вработените во маркетит со кои поразговаравме ни рекоа дека утрово е мирно. Нема паника, но нема и поскапувања.
-Никој ништо не ни кажал од сабајлево, се е како што си бепше. ѐвчера имаше гужви на каса, но не е толку поради поскапување, колку што е поради тоа што претходните денови се исплаќаа пензиите и ова е вообичаена гужва за овој период од месецот. Пензионерите кога ќе земат пензии веднаш одат на купување на одредени производи. Најмногу зејтин, брашно, шекер и се она што е потребно за домаќинството, ни рекоа од повеќе маркети.
Ваква ситуација не е забележана само во Скопје, туку и во другите градови.
Во Штип вчера попладне исто така имаше труканица на каса. И одтаму вработените гуѓвата ја припишуваат на пензионерите.
Од утрово и понатаму белиот и полубелиот леб во маркетите се продава по 33 денари, некои марки на масло за јадење по 85, а мирна е и цената на шекерот, брашното и останати прехрамбени производи чии цени до денес беа „замрзнати“.
-А што ќе поскапуваат пак? Па се е поскапено, веќе одамна, пак ли! „Замрзнати“ или „одмрзнати“ тие се цените. Струјата поефтини, горивото се намали а тие си ги туркаат тие цени, поскапите. Тешко на луѓето со мали примања, а такви се многу во државава, ни рече една разочарана муштерика.