Тепачка настанала во пленарната сала на денешната седница на Народното собрание во Бугарија, по декларација на партијата „Преродба“ (Вазраждане), пренесува bntnews.bg, каде може да се погледне и видеото.
Оваа партија повторно ја повикала „Продолжуваме со промените“ да го напушти парламентот бидејќи дозволиле државата да ја преземаат странските амбасади.
Партијата ПП-ДБ, пак, возвратила дека тие се проруска партија. Потоа почнала размена на реплики, која прераснала во тепачка, а микрофоните во салата биле исклучени од парламентот и дале пауза.
На предлог на претседателот на Народното собрание, Росен Желјазков, седницата на Парламентот е прекината со 140 гласа, пренесува bntnews.bg