Од кабинетот на Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби информираат дека попладне на патарината Тетово – Гостивар е закажан почеток на изградбата на работите на Коридорот 8.
Груби ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. Настанот е закажан за 13 часот.
За потсетување, во изминатите два месеци се одржаа уште две церемонии, една кај Прилеп (12 мај) и првата кај Тетово (4 април).
Во Службен весник од 30 мај излегоа и петте закони за коридорите, чии укази и покрај противењето на синдикатите, ги потпиша претседателот Стево Пендаровски, со што се отстрани и последната пречка за реализација за најскапиот проект врзан со изградба на патишта.