Легендарната пејачка Тина Тарнер почина неодамна во својот дом во Швајцарија на 84-годишна возраст, а нејзиниот поранешен асистент откри која била последната желба на музичката дива, пренесува n1.info.rs.
-Тина Тарнер ќе биде погребана во Швајцарија. Таа не сакаше голем, јавен погреб. Таа сакаше да биде кремирана по нејзината смрт и очекувам тоа да биде приватен настан. Сигурен сум дека подоцна ќе се организира комеморативен концерт и почит. Тоа ќе биде за нејзините многу блиски пријатели во Швајцарија и нејзиниот менаџер, тоа нема да биде поголем настан од тоа“, изјави Еди Хемптон Армани за Мирор.
Тој во соопштението наведе и дека ќе се одржи приватна богослужба на која ќе присуствуваат блиските пријатели и семејството.