Вчера во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори на кои победи Реџеп Таип Ердоган.
Се пееше, пееше и славеше низ цела Турција. Прослави и Мехмет Емин Озбеј, кој ја запроси својата девојка Гизем Есен на избирачко место во Анкара и таа рече „Да!
Oвој млад човек решил тоа да го направи токму на гласачкото место за време на вториот изборен круг во Турција и да го привлече вниманието на локалните медиуми.
Со импровизирано ливче со заедничка фотографија Мехмет ја запроси девојката. На гласачкото ливче пишуваше „Дали ќе се омажиш за мене?
Гизем Есин, збунета на прв поглед, додека го напушташе гласачкото место, ја пречека момче со друго ливче и печат. Таа брзо сфатила за што зборува и без размислување кажала „да“, ставила печат на гласачкото ливче и го вметнала во импровизираната гласачка кутија. Откако го ставил ливчето, момчето клекнало и на девојката и подарило веренички прстен. Двојката беше поддржана од публиката со овации и аплаузи.
Погледнете во видеото како изгледаше овој необичен предлог: