Ларса Пипен е една од најпознатите ријалити ѕвезди. Таа беше најдобра пријателка на Ким Кардашијан, а јавноста ја знае и како поранешна сопруга на НБА легендата Скоти Пипен.
Со своето неверојатно тело привлекуваше внимание каде и да се појави, а беше позната и како една од најубавите жени, пренесува kurir.rs.
Прекарот со кој се гордее е „јадачка на мажи“, бидејќи на кого и да „фрли оки“ нема шанси да не падне. Сепак, старлетата наеднаш почнала да се дебелее, а на последните фотографии од плажа изгледа непрепознатливо.
Нејзиното лице прилично ја променило формата, па многумина се прашуваат дали повторно направила корекција или остарела преку ноќ
Интересно е и тоа што друштво и правела другарка, наместо 16 години помладиот дечко Маркус Џордан, кој е син на најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Негативците велат дека фаталната Ларса со години го гледала Маркус како расте, а неговиот татко, легендарниот Мајкл Џордан е добар пријател со поранешниот сопруг на Ларса, Скоти со кој играл во истиот тим. Често може да се слушнат коментари дека Ларса му менувала пелени на Маркус, но сега по цел ден спие со него.
Ларса отсекогаш знаела да го привлече вниманието на јавноста, а ова не е ниту прв ниту последен пат нејзиното однесување да ги полни медиумските колумни. Така едно време доживеала вистински линч кога се дознало дека е во врска со НБА кошаркарот Малик Бисли во време кога неговата млада сопруга Монтана останала бремена. Се шпекулираше и дека токму таа ја подметнала бубачката на Малик дека бебето не е негово, поради што Монтана била исфрлена на улица.
Се разбира, детето се покажа дека е негово, но на Ларса не и било грижа. Таа сепак си го направила своето. Некогаш таа беше во центарот на скандал поради нејзините поранешни најдобри пријателки, сестрите Кардашијан.