Селин Дион веројатно никогаш повеќе нема да оди на турнеја, изјави за Си-Ен-Ен извор близок на пејачката.
„Таа има големи болки, секој ден оди на терапија“, вели изворот.
Селин Дион објави дека го откажува европскиот дел од турнејата “Courage”, која требаше да се одржи во 2023 и 2024 година, пренесува курир.рс.
„Жал ми е што уште еднаш ве разочарувам сите. Навистина се трудам да си ја вратам силата, но турнејата е исцрпувачка дури и кога изведувачот е целосно фит. Не е фер кон вас да продолжам да ги одложувам концертите, па затоа е најдобро да откажам сè сега додека не бидам целосно подготвена на сцена иако тоа ми го крши срцето. Сакам сите да знаете дека не се откажувам. И едвај чекам да ве видам повторно“, кажа Селин.
Како дел од светската турнеја “Courage”, Селин изведе 52 концерти во Северна Америка пред да избие пандемијата и турнејата беше прекината во март 2020 година. Во 2021,додека се беше под ригорозни анти ковид мерки,Селин го сними нејзиниот прв филм “Love Again”, со Пријанка Чопра Џонас и Сем Хеган покрај неа.
Селин минатата година објави дека и бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој предизвикува сериозни и постојани мускулни грчеви кои ја спречуваат да настапува. Нејзиниот медицински тим сè уште ја проценува и ја третира нејзината состојба.
Симптомите на почетокот се појавуваат постепено и може да се влошат со текот на времето. Синдромот на вкочанета личност може да влијае на способноста за одење, зголемувајќи го ризикот од паѓање и потребата од помагала како што се бастун, пешачење или инвалидска количка.
Невролозите Бавана Пател и Торге Ремпе објаснија дека синдромот на вкочанета личност се разликува од другите невролошки нарушувања како Паркинсоновата болест или мултиплекс склероза.
“Синдромот на вкочанета личност е автоимуно нарушување. До денес не постои лек за оваа состојба. Во моментов, третманите се насочени кон подобрување на вкочанетоста и спазмите. Некои антиконвулзиви, кои се користат за лекување на епилепсија, се покажаа како корисни. Пациенти со благи болест или оние кои добро реагираат со третман, тие можат да продолжат да функционираат независно, со терапија. За други, симптомите може да не се целосно контролирани и може да доведат до инвалидитет“, објаснуваат тие.