Хари Мата Хари долги години беше во брак со сопругата Аида, со која ги добија синот Дамир и ќерката Надја.
Но, тој има и уште еден син од вонбрачна врска, пренесува порталот 24седам.рс.
Мак Варешановиќ е роден 1991 година, а се шпекулираше дека пејачот не знаел за него.
Мајката на Мак негираше, а истакна дека Хари знаел за нејзината бременост уште од првиот ден, а се грижел и за синот.
Притоа, таа истакна дека таа и Хари подобро се сложувале отколку кога би биле во брак и дека пејачот не се мешал премногу во тоа како ќе го одгледа нивниот наследник.
Мак се ожени пред неколку години, а со сопругата живее во Германија. Хари дури бил домаќин на свадбениот ручек.
-Синовите Мак и Дамир се инженери по електроника, прават се најдобро. Ќерката Надја е доктор. Во Германија и Словенија се, задоволен сум како се снајдоа. Фала му на Бога, никој не повлече пеење, секој е стручњак во својата работа – изјави еднаш Хари.