Актуелниот претседател на Турција Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во вториот круг од претседателските избори.
– Добивме одговорност да владееме во следните пет години, им порача Ердоган на граѓаните собрани во Истанбул.
Ердоган, пред насобраните приврзаници во Истанбул истакна дека единствен победник е Турција и им се заблагодари на граѓаните што гласале.
Тој оцени дека оваа изборна победа отвора ново турско столетие.
ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.
За време на обраќањето беше пушттена и музика, што го инспирираше Ердоган да запее.
Погледнете го видеото:
If you would like to listen to Erdogan’s singing lol pic.twitter.com/K99ME0BYbe
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) May 28, 2023
Победата на Ердоган се славеше и во Скопје. Погледнете го славењето низ улиците на Скопје: