Легендарната рокерка Тина Тарнер почина на 24 мај на 84-годишна возраст во својот дом во Швајцарија, по долго и тешко боледување, пренесува нова.рс.
Познато е дека нејзиниот животен пат не бил воопшто лесен, а најмногу проблеми и донел бракот со Ајк Тарнер.
Ајк бил многу насилен кон Тина, за што пејачката искрено напиша во својата автобиографија „Јас, Тина“. Таму признала и дека поради насилството што го доживеала од него, неколку пати се обидела да си го одземе животот.
Кога се омажила за Ајк, тој го посвоил нејзиниот син Рејмонд Крег, кој го добила со саксофонист, а Тина ги посвоила синовите на Ајк, Ајк Џуниор и Мајкл, кои музичарот ги добил со Лорен Тејлор.
Двојката го доби своето прво заедничко дете, синот Рони, во 1960 година.
За жал, Рони се препушти на пороците и почина на крајот на 2022 година од компликации предизвикани од рак на дебелото црево. Тоа беше голем удар за пејачката, а трагично загина и постариот син на Тина. Крег, всушност, изврши самоубиство во 2018 година.
„Имаше 59 години, умре трагично, тој секогаш ќе биде мое бебе“, рече таа по смртта на Крег.
Снаата на пејачката, Афида, вдовицата на синот на Тина, Рони, сега откри некои непознати детали за пејачката, меѓу кои и дека се плашела дека нејзиниот син ќе биде насилен како неговиот татко.
„Не сакаш да останеш со него. Ќе биде како татко му“, и рекла Тина на својата снаа, како што изјавила Афида за Дејли Мејл.
Таа и самата признала дека Рони на почетокот на нивната врска се однесувал насилно, и дека бил во замката на алкохолизмот, но поради неа се променил.
„На почетокот малку личеше на татко му, но потоа почна многу добро. Тој вложи голем напор да ме задржи. На почетокот ми беше многу тешко бидејќи не сакав да останам со него“, додаде Афида Тарнер.