Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа во 21 часот, 38-годишниот скопјанец Н.А. пријавил дека претходниот ден, околу 8 часот, во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.