Бритни Спирс со години е во лоши односи со татко и и мајка и, а иако нема знаци дека ќе се смири со нејзиниот татко, кој со години и беше законски старател, се чини дека односите со нејзината мајка тргнале на подобро.
Таа на Инстаграм се отвори за тоа како се чувствува откако ја посетила нејзината мајка Лин Спирс.
-Мојата слатка мајка ми се појави вчера на врата после три години, помина толку време. Со семејството секогаш има работи што треба да се разработат, но времето ги лекува сите рани. Среќна сум што можам да го соопштам она што го држев екстремно долго време, се чувствувам толку благословена што можевме да се обидеме да ги исправиме работите. Те сакам многу. Толку сум благословена што можеме да пиеме кафе заедно по 14 години – напишала покрај фотографијата од себе кога била мала.