Џина Калдерон (31) отишла на операција на задникот, односно и биле ставени импланти. Проблемот се случил по операцијата кога девојката од Колумбија се заразила, поради што морале да и извадат еден силикон. Нејзе и останал еден, кое исто така мора да го отстрани, бидејќи телото и го одбивало. Сепак, таа не се откажала од совршениот задник кој сакала да го добие преку операција.
Првично, инфлуенсерката позирала во долна облека каде се гледа како силиконот се издигнува на нејзината лева страна.
-Тешко е да се објасни. Но, тоа е голема животна лекција и можеби може да натера некого да размисли пред да прифати вакво нешто – изјавила таа.
Изненадувачки, потрагата на инфлуенсерката за совршен задник хируршки не е завршена, и покрај нејзината неуспешна операција.
-Се трудам да се здебелам за да можат да го отстранат салото и да ми го стават во задникот – истакнала таа.
Сепак, таа сега знае дека никој освен неа нема да одговара доколку повторно „појде под нож“. Затоа на сите им порачува да внимаваат. На социјалните мрежи се расправаше за тоа дали претерала со бројот на операции, а најмногу сите ја критикуваа. Секако, имаше и такви кои ја пофалија нејзината храброст да ја сподели нејзината приказна и да ги истакне ризиците од операциите. Сепак, таа не е единствената што стана жртва на неуспешни операции.
Докторката објаснила за “Sun” дека има некои работи што треба да ги земете во предвид пред да заминете за Турција на некоја „евтина операција“ на вашиот задник, како што направила и таа и ги претрпела последиците.