Изутрината кон Белград, Србија тргнаа автобусите од неколку македонски градови, кои превезуваат учесници на големиот собир, кој го организира српскиот претседател Александар Вучиќ.
Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, претседателот на Здружението „Мир, слога, стабилност“, Димитрије Недиќ потврди дека се веќе во Србија, но не сакаше да прецизира за колкав број на автобуси и граѓани се работи.
-Ќе објавиме на Фејсбук кога ќе застанеме, ќе видите, беше краток Недиќ, додавајќи дека „учеството на собирот е по барање на членството“.
Претходно пред да го добиеме Недиќ, жена која се јави на телефонот, кратко искоментира дека се интересираме само за бројноста и го предаде на претседателот.
Во најавите за организирањето на бесплатниот превоз за македонските граѓани од страна на Здружението „Мир, слога, стабилност“
„Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград! Организираме превоз до Белград на 26.05 (петок) на најголемиот собир досега одржан во Србија. Да живее Србија!“, стои во повикот за учество на собирот во Белград.
Претходно новинарска екипа на српската редакција на ТВ Н1 дојде во Скопје и Куманово. Телевизијата пишува дека првиот повик
На интернет има неколку огласи за бесплатен превоз до Белград на 26 мај. Првиот пост е од Скопје и води „до позната адреса“.
„Од другата страна на улицата се наоѓа обична станбена зграда, која исто така е доста позната. Во неа некогаш живеел највисокиот функционер на оваа земја. Груевски исчезна од станот во оваа зграда и со тоа избегна одговорност пред властите во Северна Македонија“, пишува Н1.
Според најавите, се очекуваше изутрината најмалку 300 граѓани од Скопје, Куманово, Тетово и Неготино со шест автобуси да заминат за Србија. Како што пренесоа македонските медиуми, организаторите негираат дека за бесплатниот превоз и сендвичите добиле пари од српската влада.
По полноќ и изутрината над 200 автобуси тргнале и од Косово, како што јави српски Блиц. Поддржувачи доаѓаат и од Република Српска.
Собирот наречен „Србија на надежта“ ќе се одржи вечерва на платото пред Народното собрание во Белград, со почеток во 19 часот. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги покани сите граѓани на Србија на, како што наведе, „средба за иднината која ќе ја покаже единството на земјата во тешки времиња“.