Сопственикот и директор на Пинк медиа груп, Жељко Митровиќ, најави официјално укинување на реалното шоу Задруга, по препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Својата одлука ја објави на социјалните мрежи и додаде дека откажувањето ќе се изврши во рок од 10 дена.
Како што сега тврди изворот за мондо.рс, актуелната сезона на Задругата ќе заврши на 8 јуни. Финалето на оваа програма ќе се одржува редовно, а гледачите ќе гласаат за својот фаворит.
„Митровиќ ја затвора Задруга, но финалето ќе има. На 8 јуни љубителите на реалното шоу ќе го изберат својот миленик, кој како главна награда ќе добие пари од продукцијата“, тврди изворот за мондо.рс.