Денес беше комеморацијата за кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, но, според малкумината присутни со право може да се каже дека тој не ја доби почитта која ја заслужува.
Освен неколкумина колеги и новинари, како и членови на семејството, се на се 20тина луге немаше никој на комеморацијата, која беше организирана од Здружение на естрада.
Комеморацијата почна со едноминутно молчење, а заврши со аплауз, кој ни оддалеку не личеше на аплаузите кои ги добиваше низ светот.
За неговиот лик и дело најпрво зборуваше музичарот Сашо Ливрински, потоа Горјан Стојановски, а беше прочитана и порака од Никола Митровиќ, кој Ферус го нарече цимер.
„Многу ми е жал што денеска нема колеги, можеби дека е во работно време. Човекот заслужува. Јас не сум човек кој зборува зад грб, да останеме позитивни“, рече музичарот Сашо Ливрински.
Тој ја прочита неговата богата биографија, а зборуваше и одредени работи кои ги нема во биографијата а заслужува да бидат споменати.
-Мустафов е роден во Штип во муслиманско ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на 17 години, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар. Мислам дека тоа му е паметен потег затоа што, затоа што понекогаш, за жал, во нашето општетство, дипломите не значат ништо . Значи работата. Тој постигна еден личен бренд. Беше многу харизматичен, хуман , многу си ја сакаше својата земја.Ферус е пример за макотрпна работа. Човек кој не живееше на стара слава , до крај свиреше, иако имаше 4 бајпаса, рече Ливриснки и додаде:
– Човекот реши животот да го заврши на музички начин. Нему не требаше да му се зборува како треба да свири, само ќе ја слушнеше песната и тоа беше отсвирено онака како што треба да биде Тој не е само крал на ромската музика, туку крал на македонската музика. Ако се погледнеме и денес меѓу нас, не има од сите нацоналности, што што ни еден политичар не успеал да го постигне. Покрај тоа што беше беспрекорен виртуоз, беспрекорен на својот инструмент, беше и опшстествено значаен во обединување на сите националности, рече Ливрински.
-За легендите смртта не е крај, тие живеат долго преку своите дела. Нашиот колега Цане Петров полагал испит во Бугарија на тема Ферус Мустафов. Животот го заврши со ново оро, „Текила оро’, кое доправ ќе биде промовирано, рече Стојановски и додаде дека многу колеги се извиниле дека сакале, но не можеле да дојдат.
Па прочита порака од музичарот Никола Митровиќ:
-Цели 20 години бевме цимери. Тој не беше само крал на ромската музика, туку крал на саксофонот и на многу инструменти. Ми беше чест и задоволство што соработував со него. Тој Македонија ја промовирапе насекаде. Во 1991 година на фестивал во Норвешка беа извадени сите знамиња, а нашето го немаше. Ферус се налути и рече јас нема да свирам ако нашето знаме не биде закачено кај другите и го извади македонското знаме. Секако на негово инсистирање македонското знаме се вееше покрај другите, се вели во пораката на Митровиќ.