Многу познати личности и обожаватели ѝ оддадоа почит на Тина Тарнер, соул-ѕвездата зад хитовите како The Best и What’s Love Got to Do With It, која почина на 83-годишна возраст.
Бијонсе рече дека таа е „олицетворение на страста и моќта“, додека сер Мик Џегер ја нарече „прекрасен пријател“ и изведувач „со огромен талент“.
Поранешниот претседател Барак Обама напиша дека „ја пее нејзината вистина низ радост и болка“.
„Тина Тарнер беше силна. Таа беше моќна. Таа беше незапирлива. И без пардон зборуваше и ја пееше својата вистина низ радост и болка; триумф и трагедија. Денеска им се придружуваме на обожавателите ширум светот во чест на кралицата на рокенролот и ѕвезда чија светлина никогаш нема да згасне“, напиша Обама на Твитер.
Со посвета на славната Тина излезе и актуелниот американски претседател Џо Бајден, кој истакна дека Тарнер го започнала животот како ќерка на фармер и го поздрави нејзиниот „талент што се случува еднаш во генерација“.
Од Тина Тарнер се простија Мараја Кери и Опра Винфри како жртва која успеала да надмине долгогодишна семејна злоупотреба.
Смртта на пејачката во средата ја објави нејзиниот публицист. Не беше наведена причина, но таа претрпе голем број здравствени проблеми во последниве години, вклучувајќи мозочен удар и бубрежна болест.
Американската пејачка Глорија Гејнор рече дека Тарнер „го отвори патот за толку многу жени во рок музиката, која беше црно-бела“. Дијана Рос, рече дека е „шокирана“ и „тажна“ од смртта на Тарнер; додека Дион Ворвик ја памети како „вечна топка на енергија“.
Мик Џегер, кој често соработуваше со Тарнер, напиша на Твитер: „Толку сум тажен поради смртта на мојата прекрасна пријателка Тина Тарнер.