„Мое здравје“ е новата платформа, која денеска ќе ја промовира Министерството за здравство, преку која на граѓани да имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци.
Во описот на моЕ-здравје , Министерството пишува дека е специјализиран портал чија цел е да овозможи на пациентите брз и ефикасен електронски пристап до своите медицински податоци како и разни услуги од своите лекари.
„Порталот е интегрален дел од Cx Health, платформа за интеграција и размена на податоци помеѓу субјектите во здравствениот систем, преку која се овозможува флексибилен пристап со високо ниво на безбедност до медицинските податоци како на пациентите така и на медицинските работници. моЕ-здравје на пациентите им овозможува брз и безбеден пристап до своите функционалности со кои се минимизира потребата за посети на медицинските установи заради подигање на резултат или препишани рецепти.
Според објаснувањето на порталот, се обизбедува пристап до резултатите и наодите од медицинските испитувања кои се изработени во установи што се членки на овој портал и барања до матичните лекари за издавања на хронична терапија,
Апликацијата е достапна на интернет и потребно е да се инсталира и да се даде согласнот за личните податоци. За ставање во функција на оваа апликација, неодамна беа усвоени измени на Законот за здравствена заштита, со кои се овозможува пристап на апликацијата до податоците на здравствените осигуреници.