Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Абердин, Бојан Миовски има тешка повреда заработена синоќа на натпреварот со Сент Мирен во 37.коло од првенството на Шкотска.
Се играше 31.минута кога врз Миовски грубо стартуваше Тјери Смол кој по прегледување на ВАР доби црвен картон.
-За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот а добрата вест е дека нема скршеница, утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите.
Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен , соопшти Миовски.
Подетално за повредата на Миовски ќе се знае во текот на денот, но сигурно е дека за закрепнувањето на левиот скочен зглоб ќе треба подолго време.
Инаку, Абердин го доби натпреварот со 3:0 и се зацврсти на 3. место во поредокот.
фото: ФБ
МИА