Три пријави во текот на вчерашниот ден се регистрирани за измами од една иста жена, која со изговор дека и’ требаат пари за лекување на децата и запишување на дете на факултет, успеала да измами тројца кочанчани. Пријавените измами биле во различни периоди од лани пролетта до септември 2022 година.
Според СВР Штип, вчера во Полициската станица Кочани, 47-годишна жена од Кочани пријавила дека пролетта 2022 година била измамена од Х.Д. од Кочани за сума од 500 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во нејзиниот дом и ѝ побарала пари на заем за лекување на нејзиното дете, но до пријавувањето не ги вратила.
Во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани вчера пријавил дека во септември 2022 година бил измамен од Х.Д. за сума од 300 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во неговиот дом и му побарала пари на заем за запишување на нејзината ќерка на факултет, но до пријавувањето не ги вратила.
Меѓу пријавените измами, е е таа над 52-годишна жена од Кочани, која пријавила дека во март 2022 година била измамена од Х.Д. од Кочани за сума од 400 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во нејзиниот дом и ѝ побарала пари на заем за лекување на нејзините деца, но до пријавувањето не ги вратила.
Пријавите за измами не завршуваат тука.
Синоќа, во СВР Штип, 59-годишен штипјанец пријавил дека неговиот син бил измамен од лице од Скопје за сума од 9.000 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило и се договориле со неговиот син да му изврши транспортни услуги од Скопје до Република Србија, но пред да тргне во Скопје на лице од Штип да му ги даде парите кои наводно му ги должел, по што тој ќе му ги врати кога ќе се сретнат. Како што е пријавено, неговиот син ги дал парите и кога пристигнал во Скопје неколку пати го барал лицето, но тоа било недостапно, по што сфатил дека е измамен.
На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, А.К.(71) од Оризари, кочанско, пријавил дека на 21.05.2023 М.Д.(44) од Кочани, при купување пченка од него му платил со фалсификувана банкнота од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.