Барлет Џафери е избран за обвинител во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Изборот на синот на собранискиот спикер, Талат Џафер, беше официјализиран денеска на седница на Советот на јавни обвинители, и покрај наодот на ДКСК дека младиот Џафери положил правосуден испит пред да дипломира.
Нови обвинители добија и 12 јавни обвинителства, а досегашната в.д. обвинителка Татјана Кацарова и официјално стана шефица на ОЈО – Штип.
Советот на јавни обвинители во ОЈО Битола ги избрани Борче Коруновски и Марија Чурлиновска, во ОЈО Велес е Александра Станковска, ОЈО Гостивар – Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска, ОЈО Дебар – Анита Граждани Пачуку, ОЈО Делчево – Сузана Бошнаковска, ОЈО Кичево – Албулена Абази (сопругата на шефот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција) и Емрах Михтароски, ОЈО Куманово – Самир Акифи, ОЈО Охрид – Кристина Илиеска Атанасова, ОЈО Прилеп – Стевчо Биновски, ОЈО Свети Николе – Дарко Цветановски, ОЈО Струга – Ермира Муса-Нура и ОЈО Тетово – Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и Јетмир Беџети.