Македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој вчера вечерта во 19 часот и 40 минути беше ранет во грбот на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки, најверојатно е случајна жртва на пукање, информира Информер.рс.
Во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а со два куршуми Д.Л.Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.
-Ранетиот Д.Л., негов пријател го довел на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го сокрил и повикал полиција и брза помош. Тој и ранетиот другар се движеле од Његошева кон улицата Максима Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донел пријателот до влезот, тој одел и ја стискал главата од болки – вели информатор.рс.
Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.
Повредениот А.П е од криминална средина, а во досието има дури 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво. За него е распишана потерница за издржување затворска казна.
Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.
-Се сомневаме дека некој многу добро ги знаел движењата на А.П., не е ни исклучено да му договорил средба, која всушност била заседа. и од пиштол испукал неколку проектили кон него. Засега не го знаеме мотивот бидејќи А.П. одбива да каже во кого се сомнева – рекол изворот за Ало.рс.
Изворот потсетил дека А.П. бил ранет пред шест години.
-Тогаш тој беше ранет по расправија за фудбал. На Врачар А.П. гледал натпревар на рекреативци во балон на Јужен булевар и вербално се пресметал со еден од играчите. Страстите се смириле, а играта продолжила. Истиот играч потоа се вратил во балонот и испукал неколку куршуми кон Андреј, а потоа за влакно го избегнал најлошото сценарио – изјавил изворот за Ало.рс.
Двајцата ранети млади момчиња се пренесени во болница и според првичните информации нивните животи не се во животна опасност.
Припадниците на МУП на Србија, само три часа по пукањето во Врачар, го уапсиле осомничениот, кој испукал од пиштол и ранил две лица на улицата Максим Горко, дознава информер.рс.
Припадниците на УКП и ПС Врачар со брза и ефикасна акција го идентификувале и привеле Н.Ѓ. (20)