Замина големиот Ферус Мустафов! Мајстор на својот занает, па не џабе го нарекуваа крал на ромската музика!
„Беше толку голем што можевме сите буквално да ти ги чистиме кондурите“, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.
И навистина беше голем многу повеќе отколку што сите знаевме или мислевме! Го прошета светот, нема фестивал на кој не настапил, нема држава во која не засвирел и тоа не само за нашите во дијаспората, туку сранци, кои преку него дознаваа за Македонија.
Но, пред се беше човек, полн со позитивна енергија, секогаш насмеан и весел. Нема пејач на целиот Балкан со кој не соработувал, сите му се поклонуваа!
Затоа денес, кога него веќе го нема, кога засекогаш не напушти социјалните мрежи се преполни со последен поздрав, со спомени и фотографии од едно време кога тој ќе засвиреше и никого не оставаше рамнодушен.
Погледнете дел од нив: