Две деца се тешко повредени во сообраќајка, која се случила доцна синојка во скопската населба Кисела Вода.
-На 21.05.2023 вo 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ и ул.„Иван Козаров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје, информираат од МВР и додаваат:
– Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.