Возачот успеал навреме да излезе од автобусот кој се запали вечерва околу 21 часот,кај Извор на патот Кичево – Охрид. Сообраќајот беше во прекин, а потоа возилата се пропуштаа наизменично.
Автобусот е на компанијата „Галеб“ – Охрид и бил за сервисирање. Според РЦУК Охрид, интервенирале пожарникарите од ТППЕ Кичево интервенираат со две екипи при гасење на опожарениот автобус.
Нема повредени, додека штетата дополнително ќе се утврдува.