Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денес ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД.
Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со улиците „Прохор Пчински“ и „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје.
-По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско – косовска бригада“ до улицата „8 Септември“, како и улицата „Македонско – косовска бригада“, на потегот од крстосница со улицата „Џон Кенеди “ до крстосница со булеварот „Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.