Северина Вучковиќ важи за една од најубавите жени на сцената, па и покрај тоа што ја носи титулата фатална, таа уште од мала била незадоволна од својот нос. Затоа таа за прв пат отиде под нож на дваесет години, пренесува курир.рс.
Тогаш го намали, но не беше задоволна. До денес имала дури четири интервенции.
-Пејачката никогаш не се задоволила со тоа што нејзиниот нос е голем и дебел според нејзините критериуми. Таа го оперирала за прв пат две години по полнолетството. Нејзината мајка не и дозволила пред тоа. Всушност, договорот бил тој да наполни 21 година и потоа да ја изврши интервенцијата. Сепак, едвај чекала па го направила тоа штом наполнила 20. Сепак, не била задоволна, па по неколку години повторно ја направила корекцијата. Третиот пат беше по породувањето, а пред неколку години ја имаше последната четврта операција. Сето тоа го направила поради стравот дека нејзиниот нос е преголем во споредба со лицето и јаготките, кои особено сака да ги истакнува. Сега е задоволна од тоа како изгледа носот – вели извор близок до пејачката.
Севе избегнува јавно да зборува за естетски интервенции, но еднаш призна што направила на себе.
-На 20 години го оперирав носот, ме убеди докторот. Не беше подгрбавен или грд. Доаѓа еден дечко кај тебе и ти вели: „Би сакал да го поправам тој нос малку“ и му го давам мојот нос. Застанав на носот, имав проблеми со дишењето после операцијата, не пред тоа. Но, тој е поубав од мојот роден. Што е, е – изјави еднаш хрватската поп ѕвезда за медиумите. Покрај естетските интервенции, Северина низ кариерата ја следеа и разни скандали, од експлицитно видео, до бурна разделба со таткото на синот Милан Поповиќ, развод од Игор Којиќ, до тепачка со сопствените сестри со кои заврши на суд.