Рускиот претседател Владимир Путин ги презеде сите заштитни мерки за… секој случај, градејќи подземно засолниште под неговата селска куќа на Црното Море, со удобности, но и строги безбедносни стандарди.
Како што открија повеќе западни медиуми, меѓу кои и британскиот весник Дејли Телеграф, под луксузната летна резиденција на Владимир Путин, во јужниот дел на Русија, се крие моќен бункер направен од тони цемент, со многу метри тунели, складишта и енергетска и водна инфраструктура за заштитено живеење неколку недели.
Палатата Геленџик, во Краснодарската област на југот на Русија, стана надалеку позната по откритијата на сега затворениот дисидент политичар Алексеј Навални. Станува збор за луксузна палата, чија вредност се проценува на 1 милијарда долари. Има комплетно опремена теретана, лизгалиште за хокеј на мраз, црква, но и дел за забава со столпчиња за танцување на шипка.
Областа е под 24-часовен надзор на Федералната служба за безбедност и разузнавање (ФСБ) и е во зона забранета за летови.
Она што сега е откриено е дека под овој земјен луксуз изграден пред речиси четвртина век, се крие подземната структура наменета да го заштити рускиот лидер, доколку се појави опасност.
Според откритијата на американските медиуми, кои се преобјавуваат и во Европа и врз основа на објавени планови, Путин нарача бункер со три излези за бегство, повеќе тунели и ѕидови отпорни на експлозии.
Засилените тунели направени од многу дебел бетон имаат довод на вода и свеж воздух и овозможуваат да останат таму дури и со месеци, велат експертите на кои се повикува авторитетниот Business Insider. Плановите, кои беа објавени од компанијата Метростил која го изгради засолништето (како примерок од нивната работа), сè уште покажуваат обезбедување на електрична енергија, одводнување и целосни комуникации со оптички влакна.
Двата тунели се долги 40 и 60 метри и широки 6 метри, додека според плановите на градежната компанија се опкружени со ѕидови дебели околу 40 сантиметри.
Има и лифт кој води до длабочина од 50 метри од земјата за директен пристап до засолништето, како и излез кон морето за брзо бегство доколку е потребно па дури и со подвижна лента, за да се избегне долгото пешачење.
Тадеуш Габрижевски, инженер специјализиран за одбранбена конструкција, коментира дека „овие тунели имаат се“ за безбедност: имаат систем за гасење пожар, вода, одвод итн. Тие се дизајнирани за некој кој сака да преживее или да избега. Но, тоа не е само излез за итни случаи, тоа е целосна итна замена за комплексот на палатата“.
За потсетување, Владимир Путин се бара со меѓународна потерница под обвинение за принудно отстранување на деца од Украина.
извор: Business Insider, Daily Telegraph