Помеѓу 15 и 25% ќе се зголемат цените за летниот одмор Бугарија во однос на лани. Според хотелиерите, цените се зголемуваат поради инфлацијата, со објаснување дека растот на цените сепак е помал отколку во останатите туристички дестинации во регионот.
По ланската релативно лоша туристичка сезона, туристичките работници на Бугарија очекуваат силна летна туристичка сезона и најмалку 30-40% повеќе туристи од минатото лето. Прогнозата е направена на форум за патувања.
За да се пополни недостигот од персонал, хотелиерите бараат работници и од Турција.
-Шест месеци буквално се бориме со државната администрација и бирократијата да им добиеме дозволи за работа. Уверени сме дека бирократскиот пат е скратен, односно со една платформа може да се аплицира за дозвола за престој во земјата и за работа во земјата “, вели менаџер на хотелски комплекс Александар Александров.
Според Министерството за туризам на Бугарија, привремена опција е ангажирањето работници од странство.
-Поважно е работодавачите да ги мотивираат студентите по туризам да останат и да работат во нашата земја. А чисто ценовно, нашата земја станува се поконкурентна“, рече заменик-министерот за туризам, Ирена Георгиева.