Изминатите 24 часа во повеќе градови низ државава се случувале тепачки. Маж тепал жена, брат брата, се тепале малолетници, но и возрасни.
Погледнете, според билтенот на МВР, какви физички пресметки се случувале.
На 06.05.2023 околу 00.10 часот пред угостителски објект на ул.1634 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го привеле Х.Б.(30) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.05.2023 во 23.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.К.(48) од Велес затоа што околу 20.00 часот во домот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканил на неговата 40-годишна сопруга. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.05.2023 во 18.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(31) од Скопје затоа што околу 18.30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 23-годишен брат. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.05.2023 во 21.30 часот на ул.„Кузман Шапкарев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.П.(44) од Прилеп затоа што околу 18.00 часот се однесувал агресивно и упатил закани на А.П.(48) од Прилеп. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.05.2023 во 00.10 часот во Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишиле од слобода Д.Ј.(45) и Б.Ј.(48), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, затоа што околу 15.00 часот во с.Луке физички го нападнале З.Ј.(45) од селото, при што Д.Ј. употребил и тврд предмет. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.05.2023 во 18.20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ч.(45) од Скопје затоа што околу 17.50 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 70-годишна мајка и ѝ упатил закани. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2023 во 01.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле З.З.(43) од Зелениково затоа што во 00.40 часот во казино на ул.„Ратко Митровиќ“ во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со лицето Б.К.(35) од Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2023 во 00.30 часот во ОВР Кавадарци, Љ.В.(31) од с.Сирково, општина Росоман, пријавил дека на 06.05.2023 околу 22.00 часот на бензинската пумпа во с.Сирково бил физички нападнат од М.Н., В.С. и Д.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 20.55 часот во СВР Струмица, М.С.(47) од с.Баница, струмичко, пријавил дека околу 17.30 часот во с.Баница бил физички нападнат од И.В. и С.В. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 22.15 часот во СВР Струмица, И.М.(40) од с.Самоилово, струмичко, пријавил дека околу 21.30 часот во с.Ново Село бил физички нападнат од Љ.Н. од с.Иловица, струмичко.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во Полициската станица Валандово било пријавено дека околу 16.00 часот во с.Чалакли, валандовско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(27) од с.Банско, Г.Д.(32) од с.Банско, И.М.(30) од с.Градошорци, П.А.(40) од с.Градошорци и Е.Р.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 23.02 часот во СВР Штип било пријавено дека пред угостителски објект во трговски центар во Штип, А.Н. од Штип физички го нападнал Г.Ј.(34) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 23.05 часот во Полициската станица Кичево, Д.Р.(19) од с.Трапчин Дол, кичевско, пријавил дека околу 23.00 часот, тој и А.Р.(19) од Кичево пред угостителски објект во Кичево биле физички нападнати од Н.Б.(19) од Кичево, М.А.(19) од с.Шутово, кичевско и двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 21.40 часот во Полициската станица Тетово, М.И.(19) од Тетово пријавил дека во фитнес клуб во Тетово бил физички нападнат од малолетник, по што возвратил на нападот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека околу 11.00 часот во селото Драгобраште, виничко, настанала физичка пресметка помеѓу Б.М.(74) и Т.М.(71), од една страна и Г.Л.(45) од друга страна, сите од селото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Дебар, Ф.И.(57) од Дебар пријавил дека околу 10.50 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар бил физички нападнат од С.В. од Дебар. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2023 во 05.30 часот во СВР Скопје, А.М.(37) од Скопје пријавил дека околу 03.50 часот на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое употребило и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, З.В.(42) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник од Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.05.2023 во 04.35 часот во СВР Скопје, И.М.(25) од Скопје пријавил дека околу 03.30 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 20.45 часот во Полициската станица Карпош, С.А.(42) од Скопје пријавил дека во 19.00 часот на ул.„Демир Трајко“ бил физички нападнат од С.Р. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. На 06.05.2023 околу 15.30 часот во СВР Скопје, В.К.(54) и В.Т.(55), двајцата од Скопје, пријавиле дека на 05.05.2023 околу 21.30 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нивните двајца малолетни синови биле физички нападнати од неколку други малолетници