Ако до неодамна сообраќајната полиција го регулираше густиот сообраќај кај Градскиот пазар во Штип, со предупредување за непрописно паркираните возила, денеска „заиграа“ канџите на ЈП „Стипион 2011“. Неколку возила паркирани на местото обележани со жолто , предвидени за такси возила имаа канџи на задните тркала, како и возила паркирани по околните тротоари.
Петок е пазарен ден во Штип, кога речиси е невозможно да се помине, ниту како пешак, ни како возач. Тротоарите се преполни со импровизирани тезги и паркирани возила, пешаците се на коловозот. Комбиња и камиони има на секој приод до пазарот.
Канџите денеска треба да ја покажат својата ефикасност и секако надоместокот од 780 денари што треба да се плати.