.После полните сали каде и да гостува ,,Обвинителка” се бара повторна изведба. По барање на публиката хит комедијата ,,Обвинителка” ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората. Првата изведба веќе закажана во Кочани и следната седмица од понеделник следуват изведбите во Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и следната сабота во Струмица.
Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актуелна тематика.
Тоа е комедијата ,,Обвинителка”, која дава свој суптилен коментар на денешното време. Преку низата на драмски ситуации актерското трио Вукичевиќ, Ризова и Ристовски со извонредната актерска игра изнудува многу смеа од страна публиката.
Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.
Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата.
Автор на текстot e Огнен Неделковски, режија, Сашо Ристовски, а улогите ги играат Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.
Сценограф:Крсто Богојевски
Костимографија:Елена Лука
Музика: Мишел Трајковски