Вештачката интелигенција ни го покажа својот став за „идеалниот“ маж и жена, врз основа на податоците на социјалните мрежи и, воопшто, на Интернет.
Овие погледи се создаваат преку анализа на веб-содржини, благодарение на достапните милијарди фотографии на луѓе, пенесува Глоси.
Зад овој проект стои The Bulimia Project, група која има за цел да ја подигне свеста за нарушувањата во исхраната, а ги следеше овие наоди и нагласи дека резултатите се во голема мера нереални.
Се вели дека фотографиите на жени имаат тенденција да ги фаворизираат руса коса, кафени очи и маслинеста кожа, додека мажите имаат пристрасност кон кафена коса, кафени очи и маслинеста кожа.
Ова истражување покажа и дека фотографиите кои вештачката интелигенција ги добила преку анализа на социјалните мрежи се „далеку повеќе наполнети со сексапилност“ од оние направени врз основа на податоци во медиумите.
Исто така, беше откриена разлика во предност меѓу мажите и жените.
За жените, 37 проценти од сликите генерирани со вештачка интелигенција вклучувале руса коса, а 53 проценти вклучувале маслинеста кожа. Што се однесува до мажите, 67 отсто имаат кафена коса, 63 отсто имаат маслинеста кожа, а доминираат приказ на мускулести мажи во тесни маици.
Џејмс Кампигото, новинар од Флорида, кој учествуваше во проектот, истакна дека нивната цел била да ја испитаат пристрасноста на вештачката интелигенција и опасноста што таа ја носи, како и моќта на социјалните мрежи, која е наметната како грижа број еден во современото општество, особено кога ги користат младите луѓе. Резултатот го покажа она што го претпоставувавме: дека стандардите за убавина се нереални.
Во 2019 година, научниците од Универзитетот во Монтреал спроведоа студија, чија цел беше да се утврди дали има штетни ефекти од долгорочната употреба на социјалните мрежи врз сликата за сопствениот изглед.
Експертите четири години следеле дури 4.000 тинејџери на возраст од 12 до 16 години, при што забележале дека одредени облици на социјалните мрежи и телевизиските емисии можат да поттикнат спирала на депресија, а овие симптоми биле поизразени со возраста. Понатаму, беше откриено дека тинејџерите пријавиле дека секој дополнителен час што го поминуваат на социјалните мрежи или гледајќи телевизија придонесува за нивниот недостаток на самодоверба и зголемена депресија.