Магазинот „Убавина и здравје“ успеа да се одржи и вчера го прослави 15. роденден.
Пејачки, водителки, инфлуенсерки, убавици, која од која подотерана беа дел од забавата.
Меѓу нив најпровокативна беше мисицата Вера Мештеровиќ, која се појави во долна облека, градникот и гаќичките беа покриени со наметка од тантела.
Но, Верче воопшто не беше вулгарна, напротив, има што да покаже и сето тоа беше добро осмислено.
На забавата беа доделени признанија на опшетсвено одговорни компании, а желбите за многу успех се искажуваа од сите присутни во полниот ноќен клуб во Градски парк во Скопје.