Без никакви документи за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија, работеле две менувачници на скопски Бит Пазар. Ова е утврдено во заеднички контроли на полицијата со пазарните инспектори во менувачници, кога кај две констатирано незаконско работење.
-На 17.05.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар. При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија, соопшти МВР.
Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.