На крај ќе платат граѓаните. И за вадењето на новите лични документи и за повисоките сметки за комунални услуги, што од денеска со одлука на владејачкото мнозинство, ќе ги добиваат домаќинствата и компаниите во Штип. А денеска со одлука на Совет поскапеа неколку услуги – паркирањето во делови од центарот на градот, уредување на зеленилото, влегувањето на тешките возила, прекопувањето на јавните површини и надоместокот за угостителите кои користат јавни површини за да постават маси и столчиња и друга опрема.
Маријана Рогожарска Поповска од СДСМ пресмета дека со покачувањето на надоместокот за зеленило, едно просечно домаќинство во Штип ќе плаќа 234 денари месечно повеќе и вака ја направи математиката:
-Со сите поскапувања ако едно семејство плаќало 295 денари за вода, сега плаќа 305 денари, од 109 денари за канализација сега 113 денари. Порасна и цената за изнесување на смет од 2 денари на 9 и се плаќа 190 денари, со денешното поскапување на надоместокот за уредување на зеленилото од 40 денари на 126 и за дворно месо од 5 на 42 денари, тогаш некогашните сметки од 551 денар за комунални услуги, сега се зголемуваат на 785 денари. Тоа е зголемување за 234 денари, пресмета Рогожарска – Поповска.
На ова Душко Ивановски од ВМРО ДПМНЕ праша дали пресметала колку ќе треба да платиме за лични документи што ја наметна централната власт предводена од СДСМ?
-Грубата пресметка покажува дека едно четиричлено семејствово 2024 година ќе треба да издвои 20.000 деанри за замена на личните документи, рече Ивановски.
Советничката од СДСМ забележа дека за оваа измината година само четири услуги што ги даваат општинските претпријатија останале со непроменети цени, додека се’ друго поскапело.
Со денешната одлука на Советот, надоместокот за зеленило се зголемува на 2 денари за квадрат работни површини8 и 5 денари за дворно место за квадрат како фирмите, додека за физички лица е 1,5 денари квадрат за дворните места.